Webster Vienna Private University- Macedonian

Webster University (Универзитетот „Вебстер“) е американски универзитет со светска перспектива. Универзитетот е основан во Сент Луис, Мисури, САД во 1915 година. Оттогаш, „Вебстер“ прерасна во меѓународен универзитет со повеќе од 100 универзитетски комплекси во 8 држави на 4 континенти, опслужувајќи повеќе од 20.000 студенти од целиот свет. Универзитетскиот комплекс во Виена е основан во 1981 година и е единствениот американски акредитиран универзитет во Австрија.  

„Вебстер“ низ целиот свет

„Вебстер“ има универзитетски комплекси во Австрија, Кина, Гана, Холандија, Тајланд, Обединетото Кралство, Швајцарија и САД. Студентите што се запишани на виенскиот комплекс имаат лесна можност за студирање во странство во нашите универзитетски комплекси низ целиот свет.

Порака на мисијата

Webster University (Универзитетот „Вебстер“) е светска институција којашто обезбедува висококвалитетно образовно искуство, што ги прави студентите граѓани на светот со индивидуална извонредност.

Акредитација

Webster Vienna („Вебстер Виена“) е единствениот универзитет акредитиран и во САД, од страна на Higher Learning Commission (Комисијата за високо образование), и во Австрија, од страна на Austrian Accreditation Council (Австрискиот совет за акредитација), како австриски приватен универзитет. Покрај тоа, програмите за бизнис и менаџмент на „Вебстер“ се акредитирани од страна на Accreditation Council for Business Schools and Programs (ACBSP) (Советот за акредитација на бизнис училишта и програми (ACBSP)) и нашата програма за финансии е првата и единствена австриска универзитетска програма признаена од Chartered Financial Analyst (CFA) (Лиценцираниот институт за финансиска анализа (CFA)).

Наставен јазик

Сите предавања се на англиски јазик. Посетете ја страницата за јазични услови за да дознаете повеќе информации за условите за владеење на англискиот јазик.

Академски програми

Додипломски програми/бакалауреат
Додипломски студии по наука

Додипломски уметнички студии

Постдипломски/мастер програми
Постдипломски уметнички студии

Постдипломски студии по наука

Мастер студии по бизнис администрација (MBA)

Финансиски информации

Сите финансиски информации може да ги најдете на страницата за финансиски информации. Нудиме и различни стипендии за да им помогнеме на нашите студенти во финансирање на своето образование.

Студентско сместување

Нашите идни додипломци може да се сместат во прекрасниот универзитетски комплекс ÖJAB Webster Residence am Augarten. Постдипломците имаат дополнителна можност да изберат свое сопствено сместување.

Начин на пријавување

Пријавувањето се прави електронски и е многу брзо и лесно.

7 причина за студирање на универзитетот Webster Vienna („Вебстер Виена“)

1.    Меѓународна перспектива: Webster Vienna („Вебстер Виена“) нуди вистинска меѓународна заедница со студенти од 70 држави, наставен кадар од 20 држави и има меѓународна мрежа на универзитетски комплекси. Без разлика дали ќе останете во Виена во текот на целото студирање или ќе се одлучите да ја искористите мрежата на универзитетски комплекси, во „Вебстер“ ќе станете граѓанин на светот.

2.    Акредитација: Webster Vienna („Вебстер Виена“) е акредитиран и во САД и во Австрија, што ѝ дава меѓународна важност на вашата диплома.

3.    Филозофија насочена кон студентот: малите грипи во „Вебстер“ (најмногу 25 додипломци и 20 постдипломци) и посветените предавачи ви овозможуваат интеракција со професорите и интересни дискусии на часовите. Студентите може да ги користат и нашите студентски ресурси вклучувајќи ги индивидуалните академски консултации, Writing Center (центарот за пишување), Quant Center (квантниот центар), Counseling (услугите за советување) и Psychological Testing Services (психолошко тестирање), канцеларијата за студентски прашања и Career Development Center (центарот за кариерен развој).

4.    Градот Виена: лоциран во срцето на Европа со лесен пристап до повеќето поголеми европски градови, Виена е историска раскрсница на големите економски и културни региони во Европа. Градот Виена е постојано рангиран како еден од градовите со највисок животен квалитет.

5.    Наставен кадар: Со повеќе од 100 хонорарни професори, професори-истражувачи и наставен кадар од целиот свет, универзитетот Webster Vienna („Вебстер Виена“) е горд што има сооднос на студентите спрема наставниот кадар од 11:1. Покрај нивните академски квалификации, многу од нашите предавачи работат во својата стручна област со што ги прават курсевите поверодостојни и внесуваат искуства од секојдневниот живот во училницата.

6.    Кариерни можности: Откако ќе дипломирате, ќе станете член на меѓународната мрежа на поранешни студенти на „Вебстер“ со повеќе од 170.000 студенти од целиот свет. Alumni Department (Одделот за поранешни студенти) им помага на студентите од целиот свет да контактираат и им овозможува професионални можности и можности на социјалните мрежи во соработка со нашиот Career Development Center (центар за кариерен развој).

7.    Студентски живот: Студентите може и да запознаваат нови пријатели и да ја збогатуваат својата биографија со нашата Webster Community (заедница на „Вебстер“). Студентите може да ги користат и нашите програми и клубови како што се Webster LEADS (ЛИДЕРИ на Вебстер), Webster Scholars Program (програмата за интелектуалци на Вебстер), Student Government Association (студентската владина асоцијација), академските клубови и клубовите од посебен интерес и годишните настани и активности на „Вебстер“.